Во последните неколку сезони “тик так“ играта на Барселона не даде никаков плод, а најголема заслуга имаат фудбалерите на Милан кои срцето го оставија на теренот.
Магичната ноќ за “росонерите“ на Сан Сиро ја најави “фараонот“ Ел Шарави, кој излезе сам пред голот на Валдес, но Пујол стигна да расчисти и спаси чист погодок за “миланезите“.
Ситуацијата на теренот во вториот дел не се промени, Барселона бескрајно се додаваше, а Милан стрпливо ја чекаше шансата за погодок. Тоа се случи во 57-та откако среќно топката стигна до Боатенг, кој биеше прецизно и погоди за 1-0.
Фудбалерите на Милан од постигнатиот гол добија дополнителен штимунг, а на трибините видно расположен беше Балотели, кој не престануваше да ја забувава публиката.
Во 81-та минута експлозија на Сан Сиро ! Милан со погодок на Сали Мунтари го зголемува водството на 2-0 и ја декласира Барселона во првиот натпревар од осминафиналниот дуел во Лигата на Шампиони.
Барселона пред реваншот на Ноу Камп ќе мора многу да корегира во “тик так“ играта која не вроди со плод на Сан Сиро.
Резултати : Милан – Барселона 2-0, Галатасарај – Шалке 1-1.