Без победник 1-1 заврши првиот дуел од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед одигран на “Сантијаго Бернабеу“. Патникот во четвртфиналето ќе се дознае на реваншот мечот на “Олд Трафорд“ на 5 март.


Двете екипи се задржаа на својот напаѓачки концпет и на овој дуел. Први шанса за погодок имаа домашните фудбалери, но Де Геа со работ на прстите успеа да го зачува голот на Јунајтед.

“Црвените ѓаволи“ со голот на Дени Велбек стигнаа до водство во 20-та минута. Корпулетниот напаѓач највисоко скокна во казнетиот простор и со глава го совлада Диего Лопез за 1-0.

По примениот погодок “лос бланкос“ го опседнаа голот на Шпанецот, Де Геа. Избраниците на португалскиот стратег Жозе Мурињо во 30-та минута го изедначија резултатот, а стрелец на голот беше, кој друг ако не Кристијано Роналдо.

Во вториот дел двете екипи имаа свои прилики за втор погодок, но играчите помеѓу стативе беа најдобрите нивни поединци во дуелот на титаните. Прв се закана нововлезниот Лука Модриќ, а на неговата шанса возврати Ван Перси, кој биеше во пречката и резултатот остана непроманат 1-1.

Во вториот дуел од синоќешната програма во Украина, Шахтјор и Германскиот првак, Борусија Дортмунд ремизираа 2-2.

Избраниците на Јирген Клоп покажаа голема стабилност откако два пати се враќаа по негатива од еден погодок, а на крајот обезбедија резултат кој моментално го води во слендата фаза од Лигата на Шампиони.

Мх.П.