Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е првиот учесник во финалето во Лигата на Шампиони, кое ќе се одигра на 29 мај во Истанбул. „Граѓаните“ првото финале во клупската историја го обезбедија после двобојот со Пари Сент Жермен, кој го решија во своја корист со вкупен резултат 4-1.

Избраниците на Пеп Гвардиола на крилата од Ријад Марез и во вториот натпревар го совладаа ривалот. Марез на „Етихад“ погодуваше во првото и второто полувреме за нова победа, вредна пласман во финалето. Англичаните во Париз славеа со 2-1, а на домашен терен, во Манчестер 2-0.

Противник на Манчестер Сити во големото финале ќе биде подобриот од втората полуфинална двојка Челси – Реал Мадрид. Првиот меч во Мадрид заврши 1-1, а на „Стемфорд Бриџ“ ќе падне одлуката за втор финалист во ЛШ.

OhridNews