Ракометарите на Металург со “двојна“ победа над Динамо Минск обезбедија пласман во најдобрите осум на стариот континент. Покрај македонскиот преставник четвртфинална виза чекираа уште три екипи Хамбург, Флензбург и Веспрем.


Во игра за четвртфинален пласман остана македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид. За продолжување на европскиот сон на Лазаров и “црвено белите“ неопходен им е триумф против Фуксе Берлин или реми со повеќе од 58 голови откако првиот натпревар во Шпанија заврши без победник 29-29.

Останатите патници во четвртфиналето ќе се дознаат од дуелите : Барселона – Силкерборг (32-26), Киелце – Пак Зегде (25-26) и Кил – Чеховски Медведи (37-35).

Мх.П.