Момент на вистина во Лигата на Шампиони, уште само неколку часови до почетокот на финалниот натпревар на Алијанц Арената, во кое ќе се сретнат “домаќинот“ Баерн Минхен односно англискиот Челси.


Англиските клубови сезонава, се посрамотија во Лигата на Шампиони. Двете екипи од Манчестер, Јунајтед и Сити натпреварувањето го завршија во групите додека Арсенал беше елиминиран од Милан во 1/8 финалето. Никој не се надеваше дека бродот на екс менаџерот Андрес Виљаш Бојаш и сегашниот на Роберто Ди Матео ќе исплови до финалето.


По “московското“ финале во 2008 година, “сините“ имаат втора шанса да ја поправат историјата на европско тло.

Нема потреба од пофални збовори за германскиот гигант. Дисциплина, издржливост, трајност се малку зборови да се опише победничкиот менталитет на “швабите“. Баерн Минхен има четири титули во Европа, последната беше освоена 2001 година.


Најблиску до титула “баварците“ беа 2010 година, но во финалето во Мадрид непреминлива пречка беше Интер предводен од Жозе Мурињо.


Вечерва се заборава се`, историја, повреди, традиции и само за едно се бори, трофејот од Лигата на Шампиони.

Мх.П.