екипи во Европа, а со пласманот во полуфиналето Жозе Мурињо го израмни
рекордот на Алекс Фергусон, двајцата тренери со тимовите кои ги
предводеле седум пати играле во полуфиналето.
Мурињо и во претходните две сезони го предводеше Реал до пласманот меѓу
најдобрите четири екипи, а претходно тоа го стори два пати со Челзи и по
еднаш со Интер, односно Порто.
Реал оваа сезона се обидува да ја освои 10-та титула во Лигата на
шампиони, а Мурињо неколку пати изјави дека ќе се обиде да стане првиот
тренер кој победил во ова натпреварување со три различни екипи,
претходно тоа го направи со Порто (2004) и Интер (2010).
Алекс Фергусон седумте пласмани во полуфиналето во ЛШ ги изборил со
Манчестер Јунајтед, екипа која ја предводи цели 26 години, со ’црвените
ѓаволи’ фергусон освои и две титули во 1999 и 2008 година.
Интересно, Мурињо стана само петтиот тренер кој со своите екипи четири
пати по ред стигнувал до полуфиналето во ЛШ – тоа им успевало уште на
Еленио Ерера, Марчело Липи, Винсенте дел Боске и Пеп Гвардиола.