Македонскиот фудбалски првак, Шкендија ги заврши своите настапи во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони, откако во третата рунда претрпе два порази од првакот на Австрија, Салцбург.

Австријците во двомечот со тетовските „црвено црни“ комплетно ја оправдаа фаворитската улога и заслужено обезбедија пласман во четвртата рунда која е последен филтер пред фазата по групи во Лигата на Шампиони. До триумф во Скопје гостите од Салцбург стигнаа со погодок во 90-та минута и не и дозволија на Шкендија со реми да се збогува од клупската елита.

Следен поход за фудбалерите на Шкендија ќе биде плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Фото: Екипа.мк
ОhridNews