Францускиот дрим тим Пари Сент Жермен и англискиот премиерлигаш Челси се првите екипи кои обезбедија пласман помеѓу најдобрите четири екипи во Лигата на Шампиони. ПСЖ и Челси изгубија во реванш натпреварите со Баерн Минхен односно Порто, но добрата залиха од првиот меч ги одвеве во топ 4.

ПСЖ ја доби мега пресметка со Баерн Минхен, а пласман понатаму обезбеди поради правилото гол во гости. Французите на реваншот во Париз претрпеа минимален пораз 0-1, но во Минхем славеа со 3-2, и само поради трите постигнати погодоци обезбедија пласман. Стрелец на погодокот за „баварците“ беше Чупо Мотинг.

Порто, пак, исто така забележа минимален триумф 0-1 за збогум од Европа. Лондонските сини во првиот наптревар славеа со 2-0, што и покрај поразот од 1-0 во вториот беше доволно за прогрес во најдобра четворка.

Вечерва, со дуелите Борусија Дортмунд – Манчестер Сити односно Ливерпул – Реал Мадрид ќе се комплетира четвртфиналната фаза и ќе се комплетираат учесниците во полуфиналето.

OhridNews