Асистентот на главниот судија на четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите Манчестер Сити – Борусија Дортмунд (2:1) Октавијан Чаувр, побара од гостинскиот напаѓач Ерлинг Халанд да му даде автограм.

Судијата му се обрати на играчот во подтрибинскиот простор по натпреварот. Норвежанецот му се потпиша на жолтиот и црвениот картон. Реваншот ќе се одржи на 14 април во Дортмунд.

OhridNews

ЛШ: Гол предност за Манчестер Сити, два за Реал Мадрид (видео)