Фудбалерите на Пари Сент Жермен и Челси зачекорија кон полуфиналето во Лигата на Шампиони, победувајќи ги Баерн Минхен односно Челси, на гостински терен во првите мечеви од четвртфиналето. „Светците“ славеа со 3-2, а „сините“ со 2-0,

Францускиот дрим трим триумфот го најави уште во третата минута кога Килијан Мбапе погоди за 1-0. После дваесеттина минути игра Маркињос избегна офсајд стапица и рутински ја спроведе топката во мрежата за 2-0. „Баварците“ до крајот на првиот дел намалија преку Чупо Мотинг. Во второто полувреме, Баерн Минхен стигна до егал 2-2. Стрелец беше Томас Милер. Домаќините се залетаа по трет погодок, но Мбапе после пеколна контра стрелаше за 3-2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Челси, пак, обезбеди повеќе од солидна предност во првиот натпревар, победувајќи со 2-0. Челси и Порто двата мечеви ќе ги играат во Севиља, но на денешниот натпревар Челси беше условно гостин. „Сините“ со головите Мејсон Маунт и Бен Чилвел го решија Порто и затропаа на полуфиналната врата од Лигата на Шампиони.

Реванш натпреварите од четвртфиналето во Лигата на Шампиони се играат следната недела.

OhridNews