Со доведувањето на Дидиер Дрогба и Велси Снајдер во екипата на Галатасарај амбициите пораснаа до небо, а атмосферата врие во Истанбул пред почетокот на мечот со Шалке во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони. 

– Дрогба и Снајдер не се сигурност дека ние ќе поминеме во следната фаза. Сепак овие двајца фудбалери влеваат голема доза на сигурност кон останатите фудбалери. Шалке е опасна екипа, знае да се трансфомира брзо, затоа контротите им се најсилното оружје – потенцираше тренерот на Галатасарај, Фатих Терим.

Тренерот на турскиот преставник во ЛШ, Галатасарај сеуште не открива дали Дрогба ќе го започне мечот од првата минута.

Мх.П.