Дуелите помеѓу деветкратниот првак Реал Мадрид и англискиот гигант Манчестер Јунајтед остануваат запаметени по величествените потези на фудбалските уметници, головите и секако ривалетот меѓу овие два клуба.


Еден од поинтересните натпревари кој го имаат изиграно Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед е во 2003 година на Олд Трафорд. Тогаш “ѓаволите“ славеа победа 4-3, но не продолжија понатаму, поради поразот на Сантијаго Бернабе 3-1. Стрелец на трите голови за “кралевите“ беше “дебелкото“ Роналдо.


Гледачите на Олд Трафорд беа сведоци на уште еден потег, кој сеуште се врти во најавните шпици за Лигата на Шампиони. Аргентинецот Редондо со петта го надмудри Хенинг Берг и на тацна му сервираше на Раул за погодок што значеше пласман во понатамошната фаза.


Пред да направи трансфер Дејвид Бекам во Реал Мадрид, Бекам беше стрелец на четвртиот погодок во победа на Манчестер од 4-3.

Иако се ривали на теренот соработката на овие два клуба е одлична. Вкупно четири фудбалери кои го носеле дресот на Манчестер Јунајтед подоцна настапувале за Реал Мадрид, најсвеж е примерот со Кристијано Ронало, кој за рекордни 96 милиони евра премина во кралскиот клуб. Прв бариерата ја сруши Дејвид Бекам потоа Руд ван Нистерлој и Габриел Хајнце.

Мх.П.