Фудбалерите на Борусија Дортмунд со сензационален пресврт во второто полувреме го совладаа Интер со 3-2 (0-2) и направија голем чекор кон пласман во нокаут фазата во Лигата на Шампиони.

„Нероазурите“ имаа фантастичен почеток погодувајќи за водство уште во петтата минута преку Лаутаро Мартинез. Маестралното првото полувреме, избраниците на Антонио Конте го заокружија со погодок на Весино за убедливи 2-0.

Во вториот дел, двете екипи како да ги сменија дресовите. „Милионерите“ ги имаше насекаде од теренот и пресвртот воопшто не беше случаен. Хакими во 51-та минута намали на 1-2, а во 64-та минута Брандт погоди за 2-2. Комплетниот пресврт го направи Хакими со вториот погодок на натпреварот.

Антологиски меч одиграа Челси и Ајакс на Стемфорд Бриџ. Домаќините се вратија од 1-4 на 4-4 но немаа сили за целосен пресврт. Холанѓаните не успеаја да го задржат водството но и бодот за нив е премија бидејќи повеќе од 20-тина минути играа со девет фудбалери во поле.

Резултати:

Група Е: Ливерпул – Генк 2-1, Наполи – Салзбург 1-1

Табела: Ливерпул 9, Наполи 8, Салзбург 5, Генк 1

 

Група Ф: Барселона – Славија Прага 0-0, Борусија Дортмунд – Интер 3-2

Табела: Барселона 8, Борусија Дортмунд 7, Интер 4, Славија Прага 2

 

Група Г: Зенит – Лајпциг 0-2, Лион – Бенфика 3-1

Табела: Лајпциг 9, Лион 7, Зенит 4, Бенфика 3

 

Група Х: Челси – Ајакс 4-4, Валенсија – Лил 3-1

Табела: Ајакс 7, Челси 7, Валенсија 7, Лил 1

OhridNews