Екипите на Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд го искористија домашниот терен и забележаа победи во првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампиони. „Јорганџиите“ пред своите гледачи го совладаа англискиот премиерлигаш Ливерпул со 1-0 (1-0), додека „милионерите“ славеа над Пари Сент Жермен со 2-1 (0-0).

Англискиот гигант Ливерпул немаше среќен кам бек на „Ванда Метрополитано“ стадионот во Мадрид каде минатата сезона ја освои титулата во ЛШ, претрпувајќи минимален пораз од Атлетико. Погодокот кој им донесе минимална но значајна предност на домаќините го постигна Саул Нигез во 4-та минута од натпреварот. Тој резултатот остана до крајот на натпреварот.

Борусија Дортмунд на крилата од Ерлинг Халанд направија чекор напред кон пласманот во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. Норвежанецот кој зимава се пресели во Дортмумд ги постигна двата погодоци за својот состав. Халанд стрелаше во 69-минута и 77-та минута, а помеѓу неговите погодоци за гостите реализираше Нејмар.

Во реванш натпреварите ќе биде супер интересно бидејќи Ливерпул и ПСЖ пред своите гледачи ќе ја бркаат минималната негатива од првите мечеви.

Осминафиналната програма продолжува утре (среда) со дуелите Аталанта – Валенсија односно Тотенхем – Лајпциг.

Мх.П.