Данскиот тим Силкеборг го совлада Горење Велење со минимални 27-26 и му го отвори патот на Металург за втората позиција на табелата во групата од Лигата на Шампиони.


Пред мечот словенците беа големи фаворити и прашањето беше со колкава разлика ќе триумфираат. Но, им се случи спротивното данците одиграа храбро и победија, а најмногу причини за радост има Металург.

Во претпоследното коло Металург со победа над Силкеборг на домашен терен ќе го завери пласманот на втората позиција, што носи полесен противник во нокаут фазата во Лигата на Шампионите.

Мх.П.