Првиот осминафинален натпревар помеѓу Шахјтор Доњецк и Борусија Дортмунд започна со едноминутно молчење. Непосредно пред почетокот на натпреварот авион со навивачи на украинскиот преставник во Лигата на Шампиони се урнал и четири патници го загубиле животот.


Ваквата информација ја потврди градоначалникот на Доњецк, Андриј Шишитски кој изјави : Морам да ја потврдам таа жална вест, авион со кој летаа нашите навивачи имаше неусшено слетување. Во авионот се наоѓаа 45 патници, а четворица го загубија животот, по двајца сеуште се трага другите се пренесени во болница.

Што се однесува до натпреварот, тој заврши без победник 2-2, а домашниот состав во два наврати имаше предност од еден погодок.

Мх.П.