Без серија на повредени ракометари, на кои им се приклучи и Николај Маркусен, Атлетико Мадрид имаше нов словенечки предизвик. Мотивираната екипа на српскиот стручњак Матиќ, Пивоварна Цеље добро го отвори мечот и преку Зеленовиќ и Маргуч поведоа со 0:2. Но балканската „врска„ во Атлетико, Балиќ и Лазаров за миг возврати со 2:2 во 6 минута.
Натпреварот стана цврст и груб, со добри одбрани и малку голови. Мацковчек и Маргуч пак ги оддалечија словенците на 3:5, пред Лазаров и Гарсија Парондо од седмерци да фатат приклучок (5:5). И тогаш по две исклучувања на Тоскиќ и Мацковчек, Атлетико успева да „побегне„ Два гола на Канељас и еден на Масач носат 9:6 во 24 минута. Лазаров со својот трет гол, постигнат на ефектен начин го принуди Матиќ на тајм-аут при 10:7 во 27 минута. До одморот тимот на Душебаев благодарение на Балиќ и Дејвис ја одржа предноста од 3-4 гола, а унгарецот Лекаи во последната минута намали на 12:9, резултат со кој се отиде на одмор. Норвежанецот Дал со 9 одбрани одигра солиден прв дел.
Второто полувреме го отвори Канељас, а голот од крилна позиција на Гарсија Парондо значеше 14:12 во 35 минута. Четвртиот гол на нашиот капитен Лазаров и контрата на Береше донесоа 16:13. Ракометарот со број 77 на Атлетико ефектно погоди и во 40 минута за 17:14 за домаќините. Цврстата одбрана и двата гола на швеѓанецот Јонас Калман на половина од вториот дел му носат највисоки 20:15 на шпанскиот претставник. Супер талентираното крило Маргуч единствен одржуваше чекор со фаворитот, па со два гола намали на 20:17.
Роберто и Канељас во последните 10 минути домаќинот го внесоа со 22:18. Но словенците не се предаваа и Зеленовиќ и Тоскиќ одговорија на голот на Ивано Балиќ за 24:22 на 6 минути до крајот. На три минути до крајот Жвижеј не реализира седум метри да спушти на -1. Но црвено-белите затаиа во нападот, Бараше заработи исклучување и Мацковчек намали на 25:24 на 90 секунди до крајот.
Словенците дури и имаа напад со човек повеќе за израмнување, но Маргуч од невозможна позиција не го совлада Шабановиќ. По тајм-аутот на Душебаев, искусната шпанска екипа со голот на Гарсија Парондо со звукот на сирената ја забележа втората победа над