расистички причини неговиот тим е елиминиран во четвртфиналето во Лигата
на шампиони.
Малага до 90.минута, во реваншот во Дортмунд против Борусија имаше
предност од 2:1, четири минути ја делеа од пласманот во полуфиналето, но
домаќинот во две минути постигна два гола и со победата од 3:2 се
пласира меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
„Ова не е фудбал, ова е расизам“, напишал Ал-Тани на својот профил на
Твитер. „Се надевам дека УЕФА, поради начинот на кој клубот е
елиминиран, а кој не е во духот на спортот, ќе покрене истрага. Му
благодарам на тимот, момците покажаа на теренот дека се шампиони. Жалам
што натпреварувањето го завршија на ваков начин, кој е неправеден и
расистички.“
Остри критики на УЕФА упати и Хоакин стрелецот на првиот гол за Малага
во реваншот во Дортмунд. Тој на новинарите им открил дека играчите и
стручниот штаб полуделе кога на Тв снимката виделе дека третиот гол на
Борусија е постигнат од офсајд.
„Тоа е масло на Платини и сите кои беа таму. Малага не е Реал, многу им е
полесно ова да ни го направат нам. Вакви грешки не смеат да се
случуваат во оваа фаза од натпреварувањето. Но ние сме само Малага.
Никој не можеше да нè победи на теренот, но фудбалот и судијата беа
немилосрдни кон Малага“, рекол Хоакин.