Познатиот шоумен Љупчо Бубо Каров од денеска е надворешен советник на Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во Владата на Република Македонија. 

Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија, соопшти владината прес служба.

Исто така денеска, познатата водителка на сатиричниот серијал „Фчерашни“, Јована Аврамовска, е назначена за портпаролската во Министерството за финансии.

Јована е економист по професија. Завршила на УКИМ, а министерот Драган Тевдовски и бил професор. 

OhridNews