На 13-ти јули, со почеток во 20:00 часот, Дрим ќе стане сцена за автентичен 40-минутен пловен мини концерт. На концертот ќе настапат Коста Костоски, Андреј Нически, Артан Жута, Бојан Крстиновски, Алмир Бајрамоски, Давид Поповски, Александра, Менда Шеи, Владимир Мојсовски и Томислав Нестороски.

Веруваме дека најдобрите идеи се оние што ја поврзуваат локалната заедница, креативноста и јавниот простор, велат од Europe House Struga.

Со особено задоволство ја поддржуваме оваа уникатна иницијатива на Коста Костоски која претставува уникатно музичко доживување што ги спојува локалната музичка сцена, природата и летната атмосфера на градот, додаваат.

OhridNews