Маглата го отежнува авио сообраќајот. Денеска не сообраќаа авионите кон Виена и Истанбул, а од Охрид беа пренасочени летовуите за Ајдховен и Лубек.

Од вчера нема ни слетувања на аеродромот во Скопје, Александар Велики. Авионите од Виена се пренасочуваат кон софискиот аеродром, а во Охрид слетуваат авионите од Малме и Барселона. Летот од Истанбул е откажан.

Инаку според АМСМ попледнево намалена видливост поради магла има на патните правци Градско, Неготино и Д.Капија од 30 до 50 метри. 

Магла по котлините ќе има и во наредните денови.

OhridNews