Црвен крст Охрид, во рамки на социјално-хуманитарна дејност, се вклучува во поддршка на промоцијата и продажбата на изданието „Мојот живот после изгубен живот – Дневникот на Матилоска“, мајка на убиениот Димитар Матилоски од Охрид.

Средствата кои ќе се соберат од продажбата на „Дневникот на Матилоска“ ќе бидат наменети за хуманитарни цели, за помош на лица со здравствени проблеми, информираат од Црвениот крст.

Димитар Матилоски (26) беше убиен на новогодишната ноќ во 2016 година од страна на Бојан Угреновиќ (29), турист од Србија, кој во меѓу време е осуден на казна затвор од 16 години.

OhridNews