Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Мајкл Овен објави дека по завршувањето на сезоната ќе се прости од фудбалот.

Овен во својата кариера најмногу настапуваше за “црвените“ од Енфилд каде остана шест години. Во 2004 година Англичанецот направи трансфер во Реал Мадрид каде се задржа само една сезона и се врати во Англија во редовите на Њукасл.

По добрите игри во дресот на “страчките“, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон го ангажираше, но поради честите повреди тој во три години одигра само 30 натпревари. Клупската кариера ќе ја заврши во тимот на Стоук, кој го засили во почетокот од сезоната.

Напаѓачот во дресот на “гордиот албион“ запиша 89 настапи постигнувајќи 40 погодоци. Овен во историјата на фудбалот ќе остане запаметен по голот на Светското првенство во Франција 1998 година против Аргентина и еден од ретките фудбалери кои играл за двата најголеми ривали во Англија, Јунајтед – Ливерпул.

Мх.П.