Република Македонија ја доби поканата за почеток на пристапни преговори за членство во НАТО. Генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг му ја врачи поканата на премиерот Зоран Заев и му честиташе за политичката храброст.

„Честитам за политичката храброст и посветеноста за подобра иднина“ рече Столтенберг.

„Откако ќе завршат внатрешните процедури и ќе биде ратификуван договорот, ќе седите на иста маса со сојузниците и ќе имате еднаков глас со нив“ нагласи Генералниот секретар на НАТО.

Тој порача дека денеска е ден за славење.