Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ја забележа втората победа во лигата ц од УЕФА лигата на нации, совладувајќи ја Естонија со 2-1 (1-0), во петтата рунда од натпреварувањето.

„Црвено жолтите“ со новиот триумф ја продолжија серијата без пораз и што е најважно ќе се борат за првата позиција во групата, која води еден ранг погоре, односно во Б лигата.

Македонија заслужено ги освои трите бодови и славеше во дуелот со Естонија. Минималниот триумф ќе беше поубедлив, ако офанзвивците беа поефикасни во завршницата од нападите.

Резултатот го отвори Иван Тричковски во 29-та минута. Тричковски ја допре топката доволно после ударот од Стефан Спировски да заврши во мрежата. Естонците до егал стигнаа на стартот од второто полувреме. Сапинен со ефектен погодок израмни.

Погодокот на Тричковски за 1-0

Сапинен израмнува на 1-1

Во 68-та минута Македонија ја врати предноста од еден погодок. Елиф Елмас испрати маестрален центаршут по кој нововлезниот Влатко Стојановски ја погоди мрежата за ново водство. Македонија со офанзивна игра ја задржа предноста и обезбеди решавачки натпревар со Ерменија за првото место во групата.

Стојановски реализира за 2-1

Дуелот се игра на 18 ноември.

OhridNews