Таеквондо ИТФ Македонија под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, поранешен светски вицешампион, од 25.03. – 02.04. 2022 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство, што ќе се одржи во Пореч – Хрватска.
Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Македонската ИТФ повторно ќе биде дел од Европската Таеквондо ИТФ елита, посочува Лазаревски, изразувајќи благодарност за значајната поддршка.

- Хриситјана Парулеска, црвен појас , ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини , форми за црвен појас, борби – 45 кг.
- Давид Крстески, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 55 кг.
- Елена Јанеска, црн појас I дан , ќе се натпревараува војуниорки 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 65 кг.
- Давид Велковски, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 71 кг.
- Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 85 кг.
Сите членови на спортската експедиција имаат антидопинг сертификати, кој е задолжителен за учество на сите врвни натпреварувања.
Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со Ковид 19 го изгубивме континуитетот на натпревари, Сепак според до сега постигнатото можеме да веруваме во овие наши натпреварувачи. Познато ни е дека Давид Крстески на 11 години се закити со медал од Европското првенство во Римини – Италија 2019, а Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски на Светското првенство во Пловдив – Бугарија 2019 стигнаа до четвртфинале во борби, ѓто влева надеж за добар пласман и на ова Европско првенство. Сите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција.
OhridNews
















