Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, вечерва го игра последниот меч во групата А на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Словачка.

Противник на избраниците на Кире Лазаров е Данска која во завршниот натпревар од групата влегува растоварено со две победи од исто толку мечеви.

Цветан Кузманоски - Фото РФМ
Цветан Кузманоски – Фото РФМ

Подмладената Македонија, пак, пред себе има императив да го поправи впечатокот од воведните две кола во кои забележавме порази од Словенија и Црна Гора, со што ги загубивме шансите за пласман во разигрувањето.

Натпреварот Македонија – Данска се игра од 20:30 часот.

Г.М.
Фото: РФМ