Според интернет магазинот „International living“, Македонија е рангирана на 59-то место на листата на најдобри земји за живеење. Климата, безбедноста и животната средина се најдобро оценетите карактеристики на Македонија, а најлоши оценки  земјава доби за економијата и инфраструктурата.

Годишната листа на „International living“ се изготвува врз основа на параметри кои ги опфаќаат трошоците на живот, култура и слободно време, економија, животна средина, слобода, здравство, инфраструктура, безбедност и климатски услови.

Прва на листата е Франција, по која следат Австралија и Швајцарија.

Ohridnews