Македонија, Албанија и Грција со заеднички менаџмент ќе се грижат за природното богатство на преспанскиот регион на кој трите држави гледаат како на културна и економска целина со голем потенцијал.

За заштитата на Преспанскиот региони идните заднички активностио се дискутираше на Регионалната конференција посветена на интегрална заштита на прекуграничниот регион Преспа за воспоставување на трилатерален УНЕСКО биосферен резерват на Преспанското Езеро.

Преспанскиот регион бара спцифичен приод кон неговото искористување, одржлив развој и заштитата на богатото и уникатно природно богатство, рече министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, додавајќи дека приоритет е да се спречи понатамошно загадување било тоа од земјоделски препарати, или друг вид отпад, како и спречување на понатамошна деградација на природата.


Конференцијата што ја органзира Министерството за животна средина и просторно планирање на  Република Македонија, се реалзира со поддршка на KFW банката од Германија преку проектот “Поддршка на Национален парк Галичица”, УНЕСКО и УНДП.

– Конкретно за овој проект досега се обезбедени 1,5 милиони евра, но ова е само мал дел од целата приказна. Нашата поддршка беше присатна и во минатото, а продолжува и понатаму, преку учество во проекти насочени кон подобрувањето на областа на водоснабдувањето, третирањето на отпадните води и други проекти во Охрид, Струга, Ресен, Корча, Поградец, истакна Јирген Велшоф, директор на регионалната канцеларија на KFW банката.


На Конференцијата во Охрид покрај претставници на трите држави, учествуваат и експерти UNESCO, UNDP и на меѓународни институции од областа на заштитата на природата, невладини организации и претставници на локалните власти.

OhridNews