Македонија е во транс. “Црвено-жолтите“ го совлада домаќинот Литванија со 67-65 и се пласираа во полуфиналето на Еуробаскетот. Ги нема тие зборови кои можат да ја опишат радоста на македонската нација.
Македонија забележа уште една историска победа, во која сите подеднаково дадоа свој печат. “Црвено-жолтите“ ги предводеше “министерот за одбрана “ Перо Антиќ, кој имаше 9 скока и 8 поени. Самарџиски доминираше под обрачите собирајќи десет топки, најмногу на мечот.
По правило одличен во одбраната беше Војдан Стојаноски, кој беше непогрешлив во нападот биејќи 5 од 5 за тројка. Литванската одбрана немаше решение за Бошко МеккејлеБОвски кој со 23 поени беше најпрецизен на мечот.
Одлучувачки за триумфот беше тивкиот човек во македонскиот состав Владо Илиевски. Бекот на 11 секунди пред крајот погоди тројка која предизвика тишина во салата во која имаше 15 илјади литванци.
Последниот напад беше одбранет, а Илиевски триумфот го надополни со уште еден поен од линијата за слободни фрлања.
Македонија за влез во финалето ќе игра против бранителот на трофејот Шпанија.
Изминатиот викенд во Струга се одржа возбудлива едриличарска регата на која силите ги одмерија младите спортисти од ЗСЕ „Акватика Јахтинг“ – Охрид и домашниот клуб ЕК „Снегар“ – Струга Акваториумот...
Се подготвуваме максимално, но мислам дека не очекува еден многу тежок натпревар Со дисциплина во играта, максимална борбеност и поддршка од охридската публика во сабота одиме на победа, изјави рак...
Во изминатиот период работевме и како локална и централна власт на решавање на повеќе прашања поврзани со проектот за затворениот базен, а најголем дел од измените се однесуваа на машинското одделе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.