Илјадници граѓани денеска на аеродормот „Александар Велики“, низ улиците на Скопје и на плоштадот „Македонија“, им приредија величествен пречек на македонските кошаркарски репрезентативци кои го освоија четврото место на Европското првенство во Литванија.



Вчера по поразот ни беше многу тешко. Имавме болка во срцето зошто не ја освоивме медалјата, но сега кога ве видовме тука со поддршката што ни ја давате, колку не почитувате, не ни треба медалја, вие сте нашата медалја. Нема да ве разочараме и понатаму ќе победуваме за вас, истакна пред насобраните граѓани селекторот Докузовски.



Централната прослава на големиот успех беше на плоштадот „Македонија“ кај споменикот „Воин на коњ“, на која и претходеше симболично минување на кошаркарите низ портата „Македонија“.

Ohridnews