
Вака одлужи ждребката што денеска беше извршена во Лилехамер-Норвешка, каде во тек е завршницата на ЕП.
Македонија ќе биде домаќин во првиот натпревар кој ќе се одигра на 7 или 8 јуни, а реваншот е за седум дена на Исланд. Досега Македонија одиграла два бараж натпревари со Исланд и двата ги загубивме.
Денеска беа извлечени и двојките за баражот за пласман на Европското првенство што од 2-14 декември се игра во Македонија. Во јунскиот бараж се среќаваат:
Словачка – Украина
Исланд – Романија
Италија – Австрија
Белорусија – Словенија
Шпанија – Литванија
Шведска – Чешка
Полска – Португалија
Турција – Данска
Црна Гора – Хрватска
Холандија – Србија
ohridnews










