
„Котидиен ди туризм” им објаснува на француските читатели дека Македонија се наоѓа во срцето на Балканот, дека таа е претежно планинска земја со дива убавина прошарана со 43 езера, меѓу кои и најстарото езеро во Европа, Охридското, кое заедно со Преспанското е предводник на туризмот, со капацитет од 40 000 легла.
Весникот наведува дека Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО од 1979, поради еко-системот и 365 културни објекти, поради кои Македонија го носи името Ерусалим на Балканот. Културната разновидност на земјата се изразува и преку 4.300 археолошки локалитети, а со 280 сончеви денови, па за нашата земја се вели дека е привилегиран терен за сите видови активности во природата, Француските читатели се запознаваат и со македонската кујна и посебно вината. Освен со овој напис, со новото издание на првиот франкофонски туристички водич за Македонија “Петит Фут Мацедоине” што треба да излезе во јуни, се отвора можност Македонија да им биде подобро претставена на Французите.
OhridNews











