Делегација на Република Турција предводена од заменик премиерот Бекир Боздаг  во придружба на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера го посети реставрираното Турбе на Синанудин Јусуф Челеби на Плаошник.


Реализацијата на на овој проект, според Канческа-Милевска, претставува чин на сојузништво, кој ја отсликува довербата меѓу Република Македонија и Република Турција.


Турскиот вицепремиер истакна дека Македонија е пример за мултикултурно опстојување.

-Реставрацијата на Турбето кај Плаошник е показател на соработката меѓу двете земји на културен план која очекуваме да се реализира во поголем број проекти за оживување на ваквите дела кои би се користеле и за други цели во наредниот период, рече Боздаг.


Раставрацијата на Турбето на Синан Челеби на Плаошник ја помогна Владата на Република Турција во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Исламската верска заедница.


Синанудин Јусуф Челеби пред 6 века на местото на Свети Климентовиот манастир, изградил имарет (народна кујна) каде имало и џамија посветена на Султанот Мехмет Фатих, која постоела до крајот на османлиското владеење. Во 2000 година беше обновен Св. Климентовиот храм посветен на Св. Пантелејмон, а една деценија подоцна реставрирано е турбето каде почива Синан Челеби.

OhridNews