Македонија и Албанија во јуни годинава ќе добијат препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ, најави европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во интервју за германскиот весник „Велт“. Тој додава дека двете земји во изминатиот период спровеле важни реформи и на тој начин се квалификувале за овој чекор. Хан притоа ја споменува Албанија, која, според него, направила важни чекори во борбата против организираниот криминал.

„Граѓаните на овие земји заслужуваат конкретна европска перспектива“, вели Хан. Споменувањето на 2025 година како можен датум за следното проширување на ЕУ, според комесарот Хан, носи „позитивен мотивациски притисок во регионот“. „Преговорите за членство се процес што нам ни дава силен лост да го придвижиме развојот на Западниот Балкан кон владеење на правото и конкурентна економија“, вели Хан за „Велт“.

OhridNews

Макфакс