Вкупно 514 илјади евра  или 31.614.800 денари, ќе потроши Владата на Република Македонија за промоција на интернет пребарувачот „Гугл“, објавија неколку национални медиуми . Според нивните написи владата веќе склучила договор со „Google Hrvatska doo, Google Croatia Ltd“. 

Договорот, кој е објавен на страната на  електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), со оваа компанија бил потпишан по пат на преговарање, без предходно објавување на оглас.  Во образложението за ваквиот тип на договорање во известувањето за склучен договор за јавна набавка стои дека ваквата постапка е оправдана „кога од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права (патенти и сл.), договорот може да го изврши само одреден економски оператор“.

Во договорот, сепак заради исполнување на законските обврски, стои дека критериум за избор на хрватската компанија е најниската цена еднаква на проценетата вредност на договорената услуга.

OhridNews