Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Ц заедно со селекциите на Грција, Хрватска, Црна Гора, БиХ и Финска.  За пласман во втората фаза потребни се три победи. 

За разлика од ЕП во Полска кога бевме деветти со само две победи на цело првенство, а една победа беше доволна да се мине групата, сега за влез меѓу 12-те најдобри ќе ни требаат дури три триумфи, а за пласман во четврт-финале минимум треба четири до пет.

Распоред во Ц-групата

31 август: Македонија – Црна Гора (14.30 часот), БиХ – Грција, Хрватска – Финска

1 септември: Македонија – Хрватска (20 ч.), БиХ – Ц. Гора, Грција – Финска

3 септември: Македонија – Грција (17), Финска – БиХ, Хрватска – Ц, Гора

4 септември: Македонија – Финска (14.30), Грција – Ц. Гора, Хрватска – БиХ

5 септември: Македонија – БиХ (20), Ц. Гора – Финска, Хрватска – Грција

Состав на групите

Група А (град Паневежис): Шпанија, Турција, Литванија, Велика Британија, Полска, Португалија.

Група Б (Шиаулиаи): Србија, Франција, Германија, Италија, Израел, Летонија.

Група Ц (Алитус): Грција, Хрватска, Црна Гора, Македонија, БиХ, Финска.

Група Д (Клаипеда): Словенија, Русија, Грузија, Белгија, Бугарија, Украина.

 

ohridnews