Македонија остана без преставник во Лигата на Европа. Романската Стеуа во која настапува репрезентативецот Даниел Георгиевски претрпе пораз од Челси 3-1 и не успеа да ја одбрани предноста (1-0) стекната на првиот натпревар во Романија.


Натпревар за паметење одиграа Интер и Тотенхем на “Џузепе Меаца“. “Нероазурите“ во регуларниот дел од мечот ја стигнаа предноста 3-0 од првиот натпревар со головите на Касано, Паласио и автопогодокот на Галас.

Во продолжението прво погоди Адебајор, а четврти погодок во мрежата на Тотенхем постигна Алварез, до крајот на дуелот Интер немаше сила за уште еден гол и пласман во понамоташната фаза.

Резултати :

Интер Тотенхем
4-1 (4-4)
Рубин Казан – Леванте 2-0 (2-0)
Зенит Базел 1-0 (1-2)
Челси – Стеуа 3-1 (3-2)
Њукасл – Анжи 1-0 (1-0)
Бордо Бенфика 2-3 (2-4)
Лацио – Штутгарт 3-1 (5-1)
Фенербахче – Плзен 1-1 (2-1)

Ждрепката за паровите во 1/4 финалето во Лигата на Европа е в петок во 13 часот веднаш по влечењето за двојките во Лигата на Шампиони.

Мх.П.