Македонија е во четвртфиналната група. Македонската кошаркарска репрезентација го продолжи походот кон Европскиот трон. На патот кон врвот, македонските јунаци ја совладаа Финска со 72-70,и ја забележаа третата победа на континеталниот собир.

Тешко стигнаа “црвено-жолтите“ до победата која ја осигура четвртфиналната група. Евидентен беше заморот, но на крајот победи големото срце на македонските јунаци.

Повторно блескаше Лестер Бо “МекелеБОвски“ кој уфрли 18 поени, од кои 8 во последниот период. Помошта за Бо, дојде од Војдан Стојановски кој го полнеше кошот на финците , а застана на бројката 16.


Забележителна улога имаше капитенот Перо Антиќ, кој имаше рекордни 19 скока, а дабл-дабл учинокот го дополни со 14 поени.

Мечот во целиот свој тек измина со безброј пресврти. Најкарктеристично беше во вториот период кога прво ние направивем серија 10-0, а за да потоа вратат “сините“ со 11-1.


Третиот и четвртиот период минаа во игра “кош за кош“ , играта на нерви подобро ја издржаа македонските јунаци, кои имаа повеќе живци него сила и успеаа да го приведат мечот со нова победа.

Утре во последната рунда Македонија ќе игра против БиХ (20.00)


М.П.