Македонската фудбалска репрезентација “рипна“ шест места на августовското рангирање на листата на ФИФА. Минатиот месец “црвено-жолтите“ сеа наоѓаа на 96 место, додека на мечот во Москва ќе патуваат како 90. Скокот се должи на победата над Азербејџан со 1-0.


 

На најновата листа најдобро пласирана е Холандија пред Шпанија, по што следуваат Германија, Англија, Уругвај итн.

Нашиот нареден противник селекцијата на Русија се наоѓа на 12 место на листата.