Од денеска до сабота дневните температури во Македонија ќе бидат над 30-от степен, а во Повардарието максималната температура ќе надмине 40 степени. Во Охридскиот регион максималната температура ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

Утре ќе дува засилен југозападен ветер. Во недела поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи и со засилен северен ветер ќе започне значително опаѓање на температурата, информира УХМР Македонија.

OhridNews