Дванаесетгодишната пливачка Тамара Трајковски, која се натпреварува во Австрија триумфално ја заврши натпреварувачката 2012 година.
Најпрвин на натпреварот во Vöcklabruck каде настапуваат клубови од Австрија и Германија Тамара освои 2 бронзени медали во дисциплините 50 пеперутка и 100 краул. Веднаш потоа, таа учествуваше на завршниот петти за оваа сезона Wiener Cup, на кој го одбрани првото место со убедливи 140 поени пред нејзината конкурентка на втората позиција. Со овој резултат Тамара ја освои титулата најдобра пливачка на Виена во школска класа 1 генерација 2000-2001 година.
Признанието за големиот успех Тамара, инаку член на пливачкиот клуб Австрија, ќе го прими во јануари на гала прослава, што ќе ја приреди Пливачкиот сојуз на Виена, на која на Македонката ќе и биден врачен пехар и златен медал.
Македонката Тамара ја покори Виена
Со овие два натпревара Тамара ја заврши натпревувачката 2012 година.Таа оваа година зеде учество на повеќе од 20 пливачки турнири ширум Австрија. Имаше близу 100 стартови и освоени 40 медали во различни дисциплини. Оваа наша пливачка надеж до крајот на годината напорно ќе се подготвува за предизвиците кои ја очекуваат веќе на почетокот од 2013 година, а ние и посакуваме таа да и донесе уште подобри резултати и поголеми успеси.
Арсенал ја започна сезоната во ЛШ со победа од 2-0 на гостински терен кај Атлетик Билбао, благодарение на головите на резервистите Габриел Мартинели и Леандро Тросар Белгиските дебитанти Унион Сен-...
Денеска официјално почнува новата сезона на УЕФА фудбалската Лига на шампиони, најквалитетното клупско натпреварување во светот Сезоната 2025/26 во Лигата на шампиони носи значајни промени и нов фо...
Репрезентацијата на Германија е нов Европски првак откако во финалето на Евробаскетот што се одигра вечерва во Рига, Латвија, ја совлада Турција 89:83 Мечот изобилуваше со пресврти и атрактивни пот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.