Македонската архитектура никогаш не престанала да ги следи светските трендови.  На технолошко, естетско и идејно ниво следи  се она што се случува во светот. Наше богатство е она што го имаме како наша сопствена архитектонска традиција и историја, која од друга страна значи и јасна задача за совладување на традиционалниот  код и негово претворање во современ, а не заборавање и надминување по секоја цена и негова проста замена со она што било која современа технологија може да го понуди како алтернатива, вели проф. Д- р Кокан Грчев, од факултет за архитектура при Американ Колеџ Скопје кој е еден од учесниците на „Разговорите за архитектурата 2012“ кои деновиве се оддржуваат во куќата на Уранија.

Архитектонското образование и предизвиците на времето, интегрираната заштита и креативните индустрии- се трите теми на кои дебатираат учесниците на тродневните „Разговори за архитектурата“, кои се оддржуваат во рамки на манифестацијата „Денови на архитектурата“ организирани од страна на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Факултетот за архитектура и дизајн при Аммерикан колеџот во Скопје и НУ Завод и музеј- Охрид.

Како што потенцира Грчев, целта на разговорите е да се реактуелизираат повеќе актуелни прашања за кои мора да се зборува навреме.

–    Трите  целини за кои зборуваме  да се обединат во еден заеднички заклучок и да дадат насока за тоа што понатаму ќе им зборуваме на студентите, како стручната јавност да ја перцепира сегашнат аактуелна состојба. Преку едукација на младиот кадар може да се дејствува врз општиот амбиент, додава Грчев.

Во рамки на Разговорите за архитектурата ќе бидат изложени и дел од проектите кои се работени за Охрид во текот на 2011-2012 година, од страна на студентите на Факултетот за архитектура и дизајн при Унивезритетот Американ колеџ Скопје.

Т.К.