Македонските иселеници во САД и во неколку други земји денеска и утре протестираат против промена на името на Република Македонија. На собирот под името „Ние сме Македонија“ во центарот на Вашингтон, неколку организации од Њу Џерси, Масачусетс, Њујорк и Вашингтон, побараа од македонската влада прекин на преговорите со Грција и заштита на македонскиот идентитет.

Од собирот се побара големите сили да се вмешаат во преговорите. Решението да се бара со меѓународна спогодба помеѓу двете земји гарантирана од постојаните членови на Советот за безбедност.

Слични собири денес и утре се одржуваа во неколку градови во Австралија и Нов Зеланд, во Холандија, Англија, Италија, Чешка, Словенија и Малта.

OhridNews
Макфакс