Извонредната игра на кошаркарската репрезентација на Македонија која е најпријатно изненадување на Европското првенство што се игра во Литванија, не остана незабележана во земјата на кошарката. Подвигот што го направи четата на Марин Докузовски малата Македонија ја смести на насловната страна на NBA.


Под наслов „Македонија продолжува да изненадува“ порталот „NBA.com“ пишува за успехот на нашата кошаркарска репрезентација, која вечерва го игра последниот натпревар од групата против Босна и Херцеговина. Евентуална победа, без оглед на исходот на останатите средби во групата ни носи големи 4 бода со кои ќе ги продолжиме натпреварите во осминафиналната група.

Средбата Македонија – БиХ се игра од 20 часот.

OhridNews