На 27 јуни 2026 година, покрај брегот на Охридското Езеро, во Калишта, се одржа XI Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“, во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ – Охрид.

Лауреат на годинашното издание и добитник на Гран при наградата – прво место во категоријата „Македонски поети“ е македонската поетеса Гордана Каракашевска, за песната „Хартиени сеќавања“.

Признанието претставува уште една значајна потврда за творештвото на Каракашевска и доаѓа во период на засилена меѓународна книжевна афирмација. Во текот на 2026 година нејзини дела беа објавени и претставени во повеќе меѓународни книжевни проекти, меѓу кои и британската поетска селекција на erbacce-press, како и литературното списание Litterateur RW, каде беше објавен нејзиниот хибриден расказ „Драга Ана“.

Ова признание за мене претставува голема чест, но и обврска да продолжам да создавам и да верувам во силата на поетскиот збор. Поезијата и денес има моќ да го именува неискажаното, да создава блискост меѓу луѓето и да нè потсетува на она што нè прави луѓе., изјавипПо повод добиената награда, Каракашевска.

 

Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ традиционално собира автори од Македонија и од странство, придонесувајќи за афирмација на современата поезија и за развој на меѓународната книжевна соработка.

OhridNews