Советот на Европа нема информации дека во Македонија се кршат човековите права во предизтражната постапка или при изрекувањето на мерката притвор. Ова денеска во Охрид го изјави Андреа Конце, од Советот на Европа кој во својство на експерт учествува на семинарот за спречување на криминалот со акцент на односите межу полицијата, обвинителството и граѓаните.

Информативниот разговор со осомничени лица е најтешката полициска задача при што  постои голема опасност дека можат да бидат повредени човековите права на осомничениот, но јас немам сознанија дека во Македонија има случаи на кршење на човекови права“, рече Конце. Тој додаде дека експертите на Советот на Европа на семинарите не учествуваат за да ги казнуваат евентуалните пропусти на полицајците туку да им укажат што смеат а што не смеат да прават, односно што е, а што не е во согласност во меѓународната конвенција за човекови права.


странските експерти ја пофалија македонската полиција

Претставникот на МВР, Антонио Сенев рече дека македонската полиција работи според законите и доколку има повреда на човековите права во одредени случаи постојат инструменти и институции кои тоа го детектираат.

Семинарот во Охрид е трет што го организираат МВР и Советот на Европа. Учествуваат 25 полициски офицери од сите нивоа, претсвници на обвинителствтото и експерти од земјава и странство. Целта на семинарот е да се подигне нивото на соработка помеѓу институциите вклулени во предистражната постапка и  почитувањето на Европската конвенција за човековите права.

Г. Момироски