Државниот завод за статистика објави резултати од направена анализа која покажува доста интересни податоци за македонската жена. Во Македонија дури 49.9% од вкупното население го заземаат жените, а најчести женски имиња во 2017 биле Јана и Сара.

Македонските жени се почесто се одлучуваат да родат едно или две деца, а нивниот животен век за разлика од мажите, е подолг за 4 години. За згрижување на своите деца, жените во Македонија во просек дневно поминуваат по 1 час и 57 минути, а во гледање телевизија 1 час и 50 минути.

Жените кои имаат домашни миленици со нив дневно минуваат по 1 час и 41 минута. Во текот на денот вработените жени поминуваат 15% на слободни активности, а невработените жени 21%. Од сите домашни активности на жените 16% отпаѓаат на чистење на станот.

OhridNews