Во рамки на Европската недела на мобилност, оваа недела, 22 септември, дел од центарот на Охрид на неколку часа ќе биде пешачка зона без автомобили, кои вообичаено тука ги има во огромен бро секојдневној, дали паркирани или во движење.

Недела ќе биде „Ден без автомобили“ во Охрид. По тој повод булеварот „Македонски Просветители“ ќе биде затворен за сообраќај од кружниот тек кај Охридска банка па се до кружниот тек кај пристаниште, заедно со дел од ул. „Коста Абраш“ од пресекот на оваа улица со улицата „Цар Самоил“ до рампата кај споменикот Фаќач на крст. Затворен за сообраќај ќе биде и дел од улицата „Димитар Влахов“ од пресекот со улицата „Кузман Јосифовски Питу“ до пресекот со „Македонски Просветители“.

„Македонски Просветители“ времено ќе биде пешачка зона каде покрај возење ќе биде забрането и паркирање автомобили. Граѓаните ќе можат слободно да пешачат, возат велосипед, ролери, а најмладите слободно да го искористат овој простор за нивните игри.

Општина Охрид ги повикува сите граѓани да учествуваат во одбележување на Светскиот ден без автомобили.

 

OhridNews