На кино репертоарот во Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид од 27.07.2012 (петок) до 28.07.2012 (сабота) со почеток во 20.00 часот ќе се прикажува македонскиот филм „Максим“- синоним и начин да се соочиме со дулизмот на свеста, каде подсвеста и судбината се носители на приказната во филмот – алтер его. Динамичен и брз, во филмот се преплетуваат различни локации, карактери и јазици. Приказната во филмот раскажува за дете по име Максим, кое подлегнува на љубопитноста и заглавува со порок што го прогонува низ остатокот на животот, дрога која негативно  се рефлектира  во неговата ДНК (ликот на демонот)  и неслучајно секогаш го попречува патот на главниот херој.

Претставен во  Арт фикција со доза на црн хумор “Максим” се доживува како апстрактен  и  динамичен драма трилер прераскажан од зборовите на режисерот а воедно и  главниот лик Максим .  Филмот има три клучни локации на дејствието – Македонија, Бугарија и Индија.

Главни улоги : Кирил Трајковски, Маја Трајковска, Антонио Димитриевски, Оник Саркисјан, Пламен Славов, Иван Иванов, Васил Шишков, Иан Росарио, Александра Хонг, Љубомир Грбев и  др.
Како специјални гости во филмот се појавуваат и популарните Македонски Хип-Хопартисти : Слаткаристика и Тони Зен.
 
Изработен е од Мајаки Брадерс продукција во соработка со Токсикологија  Подвижни Слики и Протеус, за монтажата се погрижи Огнен Шапковски, музиката е на Скит Скитара, анимацијата на Вања Шереметковски, а дизајнот на тимот од Вижн Мејт.
 
  Кино премиерата на филмот се оддржа на 11 мај 2012 година во кино „Рамстор“-сала во Скопје.